Проф. д-р Мирко Спироски
Директор на Научна фондација СПИРОСКИ
Проф. д-р Мирко Спироски дипломирал на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, Република Македонија (1972) каде што подоцна магистрирал (1978) и докторирал (1989).
Тој е основач и Директор на Институт за имунобиологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, Република Македонија од неговото основање до септември 2013 година.
Тој вовел неколку предмети во наставните програми за Медицинскиот факултет (имунологија и Хумана гентика), за Факултетот за природни науки (Имунохемија со базична имнологија, Биохемија-3, Имуногенетика) за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (Генетика во спортот) и за магистерските студии за јавно здравје (Генетика во јавно здравје). Тој го вовел предметот Основни научни методи за Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.
Негов научен интерес е имунологија, но објавувал исто така во полињата на молекулска антропологија и хумана генетика.
Тој бил Генерален секретар и Заменик уредник на списанието Годишен збрник на Медицинскиот факултет во Скопје, и Главен и одговорен уредник на списанието Македонско списание за медицина. Проф. д-р Мирко Спироски е основач и Главен и одговорен уредник на слисанието Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences, порано познато како Macedonian Journal of Medical Sciences. Тој е Придружен уредник на списанието Gene, како и Консултативен уредник и експерт во списанието Anthropological Researches and Studies. Од 1. Февруари, 2017 година до 31. Декември 2017 година бил вработен во Жан Митрев клиника во Скопје, Република Македонија. Почнувајќи од 1. Јануари 2018 година работи како директор во Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје, Република Македонија.
М-р Иво Спироски
Извршен директор
М-р Иво Спироски заврши факултет во 2010 год. на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ од Скопје, на факултетот за Дизајн и Технологии на Мебел и Ентериер. Во 2014 год. се здоби со звање Магистер на науки по Технологии на Мебел и Ентериер на истиот факултет.
Две години (1999-2001) беше директор на компанијата Медис од Скопје. Има завршено курс по Компјутерски дизајн на матрици во Тајпеј, Тајван (1999-2000).
Основач и главен и одговорен уредник на списанието за компјутерски игри „Играч“. Основач и директор на Ајди Дизајн 2012/дооел Скопје, Република Македонија. Основач и главен и одговорен уредник на електронското списание „South East European Journal of Architecture and Design“. Технички уредник на електронското списание „ОАМЈМС“.
Од 2020 година е Извршен директор на Научна Фондација СПИРОСКИ.
Теодора Филдишевска
Продукциски уредник
Филдишевска Теодора, административен работник во АЈДИ-Дизајн во Скопје, е родена на 18.11.1994 год. во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Има завршено обука за Веб Девелопмент при Академијата за Програмирање на Сеавус едукативниот и развоен центар во Скопје во 2019 год.
Филдишевска Теодора е вработена како административен работник во АЈДИ-Дизајн во Скопје, каде учествува во изработката и издавањето на медицинското научно списание Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences.
Во текот на обуката за Веб Девелопер, Филдишевска Теодора има стекнато вештини за програмирање со HTML5/CSS (има работено и со Bootstrap за различни проекти), JavaScript и JQuery, како и C#; се има запознаено и работено со Microsoft SQL server, MVC, ASP.NET, Entity Framework.
Во досегашното работење во туристичкиот сектор, Филдишевска Теодора има развиено вештини за директна комуникација и продажба на странски клиенти, најчесто преку и-меил комуникација но и лице в лице. Учествувала во организацијата и поддршка на настани на самото место но и со раководење на тимови од далечина. Како дел од нејзините должности била и административната работа каде има научено како да работи со фактури и договори на клиентите на компанијата.
Во рамките на работењето во фирмата OneContact, Филдишевска Теодора дополнително ги има развиено нејзините вештини за општење на англиски јазик при константна комуникација со клиенти.
Ана Вучуревиќ
Раководител на Дарителски регистар за срцевина
Ана Вучуревиќ е родена на 24.08.1997 во Скопје. На Институт за биологија, Природно-математички факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје од Септември 2016 до Март 2021 студирала и дипломирала како молекуларен биолог.
За време на студирањето на факултетот, волунтирала две години во Хидробиолошката лабораторија. Била вклучена во проектите за изолација на биомаси и подготвување екстракти од алги за мерење токсини и слично.
Била вклучена во проектот на Универзитетската клиника за неврохирургија, Скопје за определување проглостичката улога на периферните имунолоѓки обележувачи и оксидативен стрес кај пациенти со невролошки заболувања. Волонтирала во биохемиската лабораторија во Лукс Медикус во Скопје за биохемиски и хематолошки анализи.
Од 01.05.2021 вработена е како молекуларен биолог во склоп на проектот на Цивика Мобилитас „НФС – Програма за промоција на дарување срцевина“ во склоп на Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје.
Д-р Игор Спироски
Роден е на 4.08.1972 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје (1978-1990). Дипломирал на Медицински факултет во Скопје во 1999 година. Вработен е на Клиника за кардиологија при Медицинскиот факултет во Скопје од мај 2000 година. Специјализација по Интерна медицина завршил на Медицинскиот факултет во Скопје во 2006 година.
Во студентски денови бил претседател на Научниот клуб „Акад. д-р Димитар Арсов“(1994-1996). Како лекар редовно учествувал во активности на континуирана медицинска едукација: ЕСЦ симпозиумот за стрес ехокардиографија во миокардна исхемија во 2002 година во Белград, Србија како и на Симпозиумот за инвазивно одредување на контарктилитетот во 2003 година во Боровец, Бугарија. Учествувал на Конгресите на Европското здружение за кардиологија во 2003, 2004, и 2006 година, како и на Семинарот за кардиологија во Салцбург, Австрија во 2004 година. Во 2008 година учествувал на Мастерклас симпозиумот за акутен коронарен синдром во Минхен, Германија. Во септември 2010 година бил предавач на Школата за интервентна кардиологија организирана во Брисел, Белгија, намената за младите кардиолози од Република Македонија и регионот. Неколку пати бил предавач на Курсот за интервентна кардиологија во Париз (2013-2019). Бил ментор за радијален пристап во Клагенфурт, Австрија во 2011 година. Престојувал еден месец во Лабораторија за интервентна кардиологија во октомври 2013, во УКЛА центарот за World Health David Geffen School of Medicine, во Лос Ангелес, Калиформија.
Член е на Македонско лекарско друштво, на Македонско здружение за кардиологија на ин Европско здружение за кардиологија. Во монетов (март 2021 година) назначен е за раководител на Лабораторија за интервентна кардиологија приКлиниката за кардиологија во Скопје, Република Македонија.
Негов посебен интерес се методите за интервентна кардиологија: перкутани коронарни интервенции, перкутани каротидни и периферни интервенции, лекување на вулнерабилни плаки/акутен коронарен синдром како и третман на хронични тотални оклузии, интервентен пристап во решавање на структурни болести на срцето.
Од 2018 година е надворешен соработник во Научна фондација СПИРОСКИ.
Д-р Ели Ѓулејиќ
( позиција )
Lorem ipsum..
Lorem ipsum..
Lorem ipsum..
Lorem ipsum..