Поделбата на работите беше таква што во ИИБХГ се земаше крв, се изолираше ДНК и се типизираше ХЛА ДНК, а Фондацијата МКДР го креираше Дарителскиот регистар, организираше предавања, организираше дарителски акции и ги остваруваше меѓународните комуникации. По пензионирање на проф. д-р Мирко Спироски во септември, 2013 година, функциите што ги спроведуваше МКДР беа одземени и до денес регистарот функционира само како државен дарителски регистар за коскена срцевина на ИИБХГ (види: http://www.iibhg.ukim.edu.mk/mkbmdr/ ), без соработка со фондацијата МКДР.
На 30 јули 2018 година фондацијата Македонски дарителски регистар (МКДР) ја прошири дејноста и го смени името во Научна фондација СПИРОСКИ. Најголемиот дел од работата на фондацијата е издавање на научни списанија, од кои најпознато и најобемно е научното списание Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences. По промената на името започнаа активности за создавање невладин Дарителски регистар за срцевина (покрај веќе постоечкиот државен дарителски регистар за коскена срцевина на ИИБХГ) како дополнителен потенцијал за лекување на болните од крвен канцер со трансплантација на коскена срцевина.